Ништо не е готово: Реми по 90 минути меѓу ПСЖ и Арсенал (ВИДЕО)

Европа новиот клупски ќе го добие малку подоцна откако по 90 минути во големото финале на Лигата на шампионите Арсенал и Пари Сен Жермен играат 1-1.

Шокантен старт ни донесе финалниот натпревар откако Арсенал по само шест минути игра на „Ференц Пушкаш“ поведе со 1-0 откако прецизно стрелаше мајсторот за финални натпревари Каи Хаверц. Маркињос не успеа на најдобар можен начин да ја исфрли топката, таа се одби од Тросард, а Хаверц бравурозно на првата статива го матираше голманот на „светците“ Матвеј Сафонов.

PSG 0 – [1] Arsenal – Kai Havertz 6'
byu/ayoefico insoccer

До крајот на првиот дел актуелниот европски шампион имаше само една полушанса преку Фабијан Руиз во 43. минута кога со глава биеше над голот на Раја.

Во второто полувреме Арсенал одолеваше се до 62. минута кога голема глупост направи десниот бек на „топчиите“ Москера кој направи чист како солза пенал над грузискиот интернационалец, Квича Квараскелија. Пеналот сигурно го реализираше Усман Дембеле во 65. минута за 1-1.

PSG [1] – 1 Arsenal – Ousmane Dembélé 65' (Penalty)
byu/ayoefico insoccer

Одличниот Грузиец повторно во прв план беше во 71. минута кога по еден соло продор ја погоди стативата на Раја. Светците имаа нова голема шанса во 89. минута, откако Витиња само центиметри го делеа од гол што ќе значеше и одбрана на титулата.

Се вчитува...