Ништо ново на „Енфилд“: ВАР пак го „уништи“ Ливерпул

Ливерпул останува најоштетен клуб во Премиер-лигата со ВАР-одлуките откако технологијата и денеска му поништи гол на тимот на Јирген Клоп, на доманиот дуел против Астон Вила.

Гостите имаа водство од 0-1 пред крајот на полувремето, кога Фирмино конечно успеа да ја смести топката во мрежата на Вила по серијата промашени шанси на „црвените“. Сепак, по долгата анализа и цртањето на геометриските линии беше утврдено дека Жота при додавањето кон него се наоѓал сантиметри зад последниот дефанзивец на гостите, по што овој гол беше поништен.

Ливерпул ги загуби последните шест домашни средби во Премиер-лига, „црна серија“ што би можела да продолжи доколку останат овие 0-1 од првото полувреме попладнево на „Енфилд“.

Се вчитува...