Ништо ново – нов пораз за Мрме: Неверојатна серија од 10 меча без победа!

Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски продолжува со очајната серија на клупата на хрватската Горица која денеска во 16. коло од хрватскиот шампионат запиша нов пораз, овој пат со 1-0 на гостувањето против Истра.

Домашните до триумфот дојдоа со голот на Бакрар во 91. минута од средбата. Во второто полувреме за Истра настапи и македонскиот десен бек, Филип Антовски.

Ова е десетти натпревар во низа за Ангеловски кој никако не може да дојде до прва своја победа откако ја презеде тренерската функција во Горица. Во десет меча има неверојатна серија од осум порази и само две ремија.

Горица, пак, се закова на последната позиција на табелата со освоени само 7 бода во 16 натпревари.

Се вчитува...