Ништо ново во Германија: Баерн е ептен силен, прв настрада Штутгарт

Баерн Минхен јасно стави до знаење дека планира да продолжи да доминира на терените ширум Германија откако шампионот славеше со 5-1 над Штутгарт во првото коло од Бундес-лигата.

„Швабите“ важат за еден од посилните тимови во германскиот шампионат, но начинот на кој Баерн доминираше e порака – баварците се уште посилни од лани.

Упамекано беше стрелец на првиот погодок по корнерот на Кимих, на одмор се замина со 1-0, а потоа Штутгарт на почетокот од второто полувреме израмни преку Вагноман.

Тој момент како да ги налути баварците кои заиграа на уште повисоко ниво, експресно си го вратија водството преку Олис по маестралната асистенција на Кимих, по што стрелецот Вагноман си даде автогол на спротивната страна за 3-1, пред Павловиќ и Дијаз во финишшот да ја комплетираат „петардата“ во мрежата на Штутгарт.

Се вчитува...