Ништо ново во Рома – Дибала пак се повреди

Новата сезона почна катастрофално за Рома, во првото коло на домашен терен едвај ремизираше со Салернитана, потоа синоќа загуби во Верона со 2-1, а згора на тоа Пауло Дибала уште во второто коло ја заработи својата прва повреда.

Аргентинецот важи за играч кој е склон на повреди, што се потврди за време на синоќешниот дуел со Верона, откако тој во второто полувреме се пожали на болка во мускулот и мораше веднаш да биде заменет. Деталните лекарски прегледи во следните 24 часа ќе покажат колку долго тој ќе отсуствува од терените, но речиси сигурно е дека Дибала ќе го пропушти големото дерби со Милан што ќе биде на програмата наредниот викенд.

Останува да се види и здравствената состојба на десниот бек Жалевски, кој исто така мораше да биде заменет во второто полувреме во Верона откако за момент загуби свест по еден жесток дуел со противнички фубалер на средината од теренот.

Се вчитува...