Бадел 1862 му се приклучи на Баскет Кам во финалето од женското кошаркарско првенството откако го доби и вториот полуфинален натпревар против екипата на Крива Паланка со убедливи 61-117.
„Баделки“ важеа за апсолутен фаворит на денешниот меч, а текот на истиот го назначија уште од самото отварање кога ја добија првата четвртина со 19-31. Добриот ритам на гостинскиот состав продолжи и до полувремето за предност од 33-60, а по изедначената трета четвртина (22-24), баделки ја зголемија предност со убедлива игра во последните десет минути во кои дозволија шест, а постигнаа 33 поени.
Како потсетување, Баскет Кам вчера го елиминираше Вардар во полуфиналето па одново овие два тима ќе се борат за трофеј во домашната кошарка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА