Ништо од Ангеловски: Хајдук назначи Литванец за тренер

Валдас Дамбраускас од Литванија е назначен за нов тренер на екипата на Хајдук, соопштија денеска од клубот. Тоа значи дека ќе нема ангажман на Игор Ангеловски, кој што беше меѓу кандидатите за тренерската клупа на тимот од Пољуд.

Дамбраускас последно го водеше тимот на Лудогорец и го внесе во Лигата на Европа, по што доби отказ. Има искуство со водење тимови во Хрватска, затоа што беше дел од тимот на Горица.

Дамбраускас во минатото беше дел и од младите селекции на Литванија.

Покрај Дамбраускас и Ангеловски, во комбинација беше и Матјаж Кек, но тој денеска на прес-конференција ја одби можноста да седне на клупата на Хајдук, и рече дека размислува само за репрезентацијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HNK Hajduk Split (@hnkhajduk)

Се вчитува...