ЕП со само еден домаќин – Македонија ќе игра во Англија!?

УЕФА сериозно размислува да го додели Европското на само една земја, а тоа најверојатно ќе биде Англија. Европското фудбалско првенство требаше да се одржи минатата година во 12 земји, но беше одложено за 2021 година поради пандемијата на коронавирусот. Бидејќи ситуацијата со Ковид-19 е се уште лоша во многу европски земји, УЕФА смета дека најдобрите репрезентации во Европа треба да се натпреваруваат во само една земја.

Италијанскиот новинар Танкреди Палмери, тврди дека Англија е фаворит за земја домаќин на Европското првенство. Конечната одлука за домаќин на ова натпреварување се очекува УЕФА да ја донесе кон средината на април. Претходно, британскиот премиер Борис Џонсон и понуди на УЕФА сите натпревари да се играат во Англија.

Инаку, во Велика Британија веруваат дека мерките за коронавирусот може да се релаксираат на крајот на јуни, така што финалето на Европското првенство кое е закажано на 11. јули на Вембли, ќе може да се игра пред полни трибини.

Се вчитува...