Ништо од Гасол, Абринес последно засилување за Барселона

Генералниот менаџер на Барселона Начо Родригез откри дека Каталонците преговараат со Алекс Абринес и дека неговиот потенцијален ангажман ќе биде последен летово, што значи дека легендата на шпанската кошарка Пау Гасол нема да направи камбек во клубот од Каталонија.

„Преговараме со агентот на Абринес. Ќе продолжиме со разговорите неделава и ќе се обидеме да го завршиме тоа. Доколку дојде до соработка, Абринес ќе биде последното засилување летово“, изјави Родригез. 

За потсетување Барселона летово беше активна на пазарот и покрај продолжувањето на договорите на Томас Ертел, Адам Ханга и со Виктор Клавер, тие во своите редови ги донесоа и Никола Миротиќ, Кори Хигинс и Брендон Дејвис.

Се вчитува...