Ништо од Меси: Сити го задржува Де Бруин со нов богат договор

Светските медиуми на почетокот на оваа година пишуваа дека Манчестер Сити „штеди“ на новиот договор на Кевин Де Бруин со цел во своите редови да го доведе Лео Меси, но последните инфорамции кои доаѓаат од Манчестер велат спротивно.

Имено, како што пренесува „Тајмс“, постигнат е договор помеѓу Сити и Белгиецот, според кој во наредните пет години Де Бруин ќе разаботува дупло поголема плата од таа која ја има сега и истата ќе изнесува околку 360 илјади евра по седмица.

Со овој потег, играчот за врска најверојатно и ќе ја заврши кариера на „Етихад“, бар онаа на врвно ниво, со оглед на тоа што Белгиецот во 2026 година ќе има 35 години. И покрај повредите оваа сезона Де Бруин е втор на листата по остварени асистенции со 11 во Премиерлигата, на 22 одиграни натпревари.

 

Се вчитува...