Ништо од спасот: Охрид, на крај, остана без кошаркарски клуб

Ништо од спасот на кошаркарскиот клуб Охрид. По целодневна расправа во Советот на Општина Охрид, сепак, не е најдено решение за дополнување на буџетот со кој би се спасил кошаркарскиот прволигаш.

За најновата одлука, од страна на Советот на општина Охрид веќе се информирани и челниците на Кошаркарската федерација на С. Македонија кои сега ги очекува повторно потрага по решение за новата сезона. Со тоа останува во важност првото писмо испратено до КФСМ од страна на КК АВ Охрид за откажување од настапите во Првата лига.

Веќе за утре е закажан итен состанок во Кошаркарската федерација за утврдување на новиот календер на лигата, која најверојатно ќе биде со десет екипи.

Се вчитува...