Ништо од средбата со Анчелоти, Бејл се збогува со фудбалот!?

Фудбалската јавност очекуваше дека по враќањето на Карло Анчелоти на клупата на Мадрид, Герет Бејл повторно ќе блесне, имајќи предвид дека тој го донесе на „Бернабеу“ и дека во тоа време Велшанецот ги помина најсветлите моменти. Сепак, ниту напаѓачот не е во плановите на Анчелоти, ниту во мислите на челниците на Реал.

Како стојат работите, Бејл планира да се збогува со фудбалот по Европското првенство.

За време на престојот на Зидан во Мадрид, се чинеше дека Французинот е оној чиј сензибилитет не одговара на Бејл, и дека „секна“ поради него, но по враќањето во Тотенхем на позајмица, се покажа дека тоа не е вистина. Бејл игра на високо ниво само кога тој сака, односно кога е доволно мотивиран. Тој беше прилично добар во последно време, сепак не го покажа повторно најдоброто од себе.

Може да се каже дека фудбалерот веќе објави сензација, кога по крајот на Премиер лигата изјави дека одлуката за неговата иднина ќе предизвика „шок“ и дека сега не е време да каже за што станува збор.

„Марка“ пренесува дека одлуката да се напушти професионалниот фудбал е сепак само на Бејл, и дека ќе биде обелоденета дури по завршувањето на Европското првенство. Фудбалерот има уште една година договор со Реал Мадрид, но тој ќе побара раскинување на соработката, а шпанскиот тим најверојатно нема да протестира. Ова ќе го ослободи Флорентино Перез од 22 милиони евра, бидејќи Бејл, заедно со Рамос, е најплатениот фудбалер во клубот.

Можеби за некого е изненадување што Бејл го напушта фудбалот на само 31 година, но ако се направи ретроспектива во последните неколку години, ќе се добие впечаток дека најважната споредна работа во светот не му е приоритет веќе подолго време. Останува да се почека јули, па тогаш и официјално ќе бидат познати сите детали за иднината на Герет Бејл.

Се вчитува...