Ништо од трансферот на Алиоски во Галатасарај: Терим го спречува доаѓањето на македонскиот репрезентативец!?

Пропаднаа преговорите меѓу Езгијан Алиоски и Галатасарај, пренесува турски „А Спорт“. И покрај тоа што вчера беше најевено дека Алиоски со сигурност кариерата ја продолжува во Галатасарај, денеска информацијата за комплетен пресврт во преговорите кои наводно и дефинитивно се стопирани.

Според информациите од турските медиуми, трансферот бил блокиран од тренерот на Галатасарај, Фатих Терим поради огромната стапка од буџетот која би ја „влечел“ македонскиот репрезентативец. Алиоски и Галатасарај наводно веќе се договориле на четиригодишен договор за вкупна сума од 10 милиони евра. Тоа не му се допаднало на Терим кој не се согласувал толку средства од буџетот, годишно по околу 2,2 милиони евра, да бидат одлевана за лев бек. Според пресметките, Алиоски на турскиот гигант за четири години би го чинел вкупно 18 милиони евра, вклучувајќи ги дополнителните премии, што за Терим не било прифатливо.

Околу трансферот на Алиоски во Галатасарај вчера ‘сериозна прашина’ се подигна и во Англија каде навивачите на Лидс жестоко реагираа на одлуката македонскиот репрезентативец да продолжи во овој тим на Босфорот. Омразата кон Галатасарај на навивачите на Лидс трае од 2000 година, уште од убиството на двајца Англичани во нередите во Таксим, Истанбул.

Се вчитува...