Ништо од возбудливо четвртфинале – МЗТ го „здроби“ Работнички во Гевгелија

Кошаркарите на МЗТ Скопје на убедлив начин се пласираа во полуфиналето на Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ кој се одржува во Гевгелија, откако во четвртфиналната пресметка лесно славеа против Работнички со 97-63.

Уште од првата четвртина која аеродромци ја добија со 22-16 беше јасно дека нема да дозволат никакво изненадување на натпреварот. Следниот период од играта уште поубедливо (23-12) му припадна на МЗТ Скопје и веќе беше сосема јасно кој ќе ја однесе победата.

Во второто полувреме само рутински се одржуваше и зголемуваше предноста за конечна победа од +34 поени (97-63).

Едвин со 16 поени и Маслинко со 14 постигнати поени беа најефикасни во победничкиот тим, а Копривица и Петков завршија со по 13 поени. Кај Работнички се издвои Капетановиќ со 16 поени и пет скока.

Се вчитува...