Ниту докторот не е отпорен: Валентино Роси позитивен на Ковид-19

Возачот на Јамаха, Валентино Роси е позитивен на коронавирусот.

Роси ќе мора да ги пропушти следните неколку трки по позитивен тест на Ковид-19, и веќе од денеска се наоѓа во изолација каде треба да мине најмалку десет дена. Повторно ќе биде тестиран на крајот од следната недела.

Ова е втор случај на коронавирус во Мото ГП. Првата следна трка која ќе ја пропушти Роси е за Големата награда на Арагона.

 

Се вчитува...