Ниту извонредниот Дончиќ не можеше да ги запре Клиперс на патот до полуфинале, Денвер се избори за мајсторка

ЛА Клиперс се изборија за полуфинале на Западната конференција по победата од 111-97 во шестиот натпревар против Далас, на тој начин славејќи со 4-2 во серијата.

На Далас, овој пат, не му помогна ниту извонредната партија на Лука Дончиќ кој заврши со 38 поени, девет скока и девет асистенции. Не можеше сам против Клиперс каде Каваи Леонард постигна 33 поени, 14 скока и седум асистенции.

Далас беше повторно без вториот стрелец во екипата, Порзингис, кој се опоравува од повредата на менискусот во десното колено.

Со мајсторка ќе биде одлучен, пак, патникот во полуфиналето од дуелот меѓу Денвер и Јута. Денвер во шестиот меч славеше против Јута со 119-107 израмнувајќи на 3-3.

Херој на Денвер беше Канаѓанецот Џамал Мареј кој вторпат во серија постигна 50 поени. Погоди феноменални девет тројки од 12 обиди.

Никола Јокиќ постигна 22 поени за Нагетс, дополнети и со четиси скока и девет асистенции.

Седмиот, одлучувачки натпревар ќе се игра ноќта меѓу вторник и среда, а победникот во полуфиналето на Западот ќе игра со ЛА Клиперс.

Се вчитува...