Ниту Леброн не им помогна на Лејкерс, Сакраменто поразен од ЛА Клиперс (ВИДЕО)

ЛА Клиперс по четври пат сезонава, во исто толку одиграни натпревари, славеа против Сакраменто. Во еден од синоќешните дуели од НБА лигата, Клиперс до триумфот од 109-116 стигнаа благодарение на далеку подобро одиграното второ полувреме.

Во победничкиот тим најефикасен беше Лендри Шемет со 20 поени, Данило Галинари постигна 19 поени, Лу Вилијамс – 17 поени. Кај Сакраменто, пак, се издвои Бади Хилд со 23 поени и седум скока, а Вили Коли-Штејн заврши со 16 поени и 12 скока.

Кошаркарите на Портланд загубија на гостински терен од Торонто со 119-117 во еден од најинтересните натпревари. Во победничкиот тим најефикасен беше Леонард со 38 поени, а по 19 поени постигнаа Гасол и Ловри. Најдобар кај Портлан беше МекКалум со 35 постигнати поени.

ЛА Лејкерс дома загубија од Милвоки со 120-131 и покрај одличната партија на Леброн Џејмс кој мечот го заврши со 31 поен, седум скока и 10 асистенции. И Брендон Инграм натпреварот го заврши со 31 постигнат поен. Во победничкиот тим се издвои Ерик Бледсо со 31 поени и девет скока.

Се вчитува...