Низата продолжува… Младите под водство на „Сер Боби“ и 12-ти натпревар без пораз (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со триумфот од 2-0 на пријателскиот натпревар против Црна Гора и на новата македонска генерација на играчи до 21 година, продолжува низата без пораз на репрезентацијата под водство на Благоја Милевски.

И 12-ти едноподруго натпревар младите на Македонија не знаат за пораз. Дуелот со Црногорците на тренинг центарот „Петар Милошевски“ само означи нов почеток за новата генерација која од септември ја очекуваат квалификации за ЕП 2019 во Италија.

Македонија триумфираше со головите на Елиф Елмас во 31. минута и Костадин Чешмеџиев од пенал во 74. минута. Сето тоа и за шестта победа против Црна Гора на оваа генерација во исто толку меѓусебни дуели, притоа и без примен гол досега од пресметките со Црногорците…

[RoyalSlider Error] Incorrect RoyalSlider ID in shortcode or problem with query.

Се вчитува...