Нодезбо заминува во Силкеборг

По Кире Лазаров кој од следната сезона се сели во францускиот Нант, уште еден искусен ракометар од сегашниот состав, летово си заминува од  Барселона. Пикерот Јеспер Нодезбо (36), според данските медиуми е блиску до преселба во Силкеборг. Данскиот тим во своите редови под договор и за следната сезона го има и Михаел Кнудсен и Расмус Јенсен.

Нодезбо со Барселона има договор до 2019, но според најавите, тој најверојатно уште летово ќе го напушти каталонскиот клуб и ќе се врати во Данска. За еден од најпопуларните дански ракометари покрај Силкеборг, заинтересиран бил и КИФ Колдинг Копенхаген, но поради финансиската криза клубот нема ниеден нов договор за следната сезона.

Во Барселона доаѓа младиот француски репрезентативен пикер, Лудовик Фабрегас од Монпелје, а на таа позиција каталонскиот тим ги има и Камис Сипжак и Седрик Сорендо.

Се вчитува...