Ноел најдобар на слаломот во Солдеу, Хиршер останува владетел во Светскиот куп

Клемент Ноел е победник на последната слаломска трка сезонава, во Светскиот куп во алско скијање, која денеска се возеше во андорскиот Солдеу. Французинот до победата стигна со време од 1:48.96 минути, што беше за 18 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Мануел Фелер од Австрија. Третото место му припадна на Швајцарецот Даниел Јуле со заостанување од 83 стотинки зад победничкото време.

Со слаломската трка во Солдеу, завршија возбудувањата во Светскиот куп, во кој осма година по ред неприкосновен беше Австриецот Марсел Хиршер, кој покрај доминацијата во генералниот пласман, најдобар беше и во слалом и велеслалом.

Се вчитува...