Нојер го издржа последниот тренинг, не тренираше Ридигер

Мануел Нојер, капитенот на Германија, сепак, веројатно ќе се најде во составот на „панцирите“ на пат кон Скопје. Голманот на националниот тим на „елфот“ денеска тренираше, со што би значело дека ќе се најде меѓу патниците за Македонија.

Ова го коментираше и Ханс Флик на прес-конференцијата.

„Нојер го издржа денешниот тренинг, претпоставувам дека ќе биде подготвен за утре“, изјави Флик.

Денешниот тренинг поради повреда на грбот го пропушти дефанзивецот на Челзи, Антонио Ридигер. Сепак, Флик објасни дека станува збор само за „претпазливост“, и дека ќе биде во комбинација за Македонија.

Германскиот национален тим го одржа тренингот на стадионот на Сент Паули.

Се вчитува...