Нојер го пропушта куп-финалето за Баерн

Баерн Минхен ќе се обиде да ја комплетира двојната круна во Германија со триумф на утрешното куп-финале против Штутгарт, но баварскиот гигант ќе мора да стигне до триумф без помошта на својот прв голман Мануел Нојер.

Искусниот чувар на мрежата пред два дена се најде на финалниот список на Нагелсман на германската репрезентација за СП 2026, за веднаш потоа да биде обелоденето дека е повреден. Нојер дефинитивно нема да може да брани во финалето, но повредата не е сериозна и неговиот настап на мундијалот не би требало да биде доведен во прашање.

„Ману нема да биде на голот, тоа е сигурно. Повредта не е сериозна, но не гледаме поента да го ставиме на гол и да ризикуваме на помалку од месец дена пред стартот на СП. Затоа, Урбиг ќе брани на финалето и убедени сме дека одлично ќе си ја заврши работата, тој знае дека ја има нашата доверба“, истакна директорот на Баерн Минхен, Мак Еберл.

Се вчитува...