Нојер: Клучен беше првиот гол

Капитенот на Германија, Мануел Нојер после натпреварот со Македонија кажа дека клучно за победата бил првиот гол, после кој неговата селекција успеа да стигне до убедлив триумф.

„Во првото полувреме имаше поинтензивна битка на теренот. Имавме ситуации кога не ги користивме шансите. Добро се бранеше Македонија. Клучен беше првиот гол. Одиме понатаму, чекор по чекор, да се подготвиме добро за Светското првенство, и верувам дека ќе стигнеме далеку. Ние ја остваривме нашата цел, ги победивме сите натпревари од септември – октомври и се пласиравме на Мундијалот“, рече Нојер по денешниот дуел во Скопје.

Се вчитува...