Нојер не бранеше вчера, денеска одлука дали ќе патува во Скопје

Првиот голман на германската репрезентација и носител на капитенската лента Мануел Нојер, вчера не настапи на дуелот со Романија, а дури не беше ниту на клупата за резерви. Тоа веројатно ќе значи дека „единицата“ на Германија нема да патува во Скопје, но конечната одлука ќе биде донесена денеска.

Се чини дека Флик вчера не сакаше да ризикува со капитенот, за да може да смета на него за дуелот со Македонија. Тој има проблем со адукторот на ногата, и го пропушти првиот тренинг на селекцијата, но потоа се врати на подготовките на својата репрезентација.

Германија утре ќе допатува во Скопје, а селекторот Ханс Флик денеска ќе треба да ја донесе конечната одлука околу тоа дали еден од најдобрите голмани во Светот ќе патува во Македонија или ќе се врати во Минхен и нема воопшто да биде во комбинација. Другите двајца голмани на Германија се Тер Штеген и Лено.

Се вчитува...