Нојер опериран, пропушта два меча на Баерн Минхен

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, ќе ги пропушти претстојните два натпревари од Бундес-лигата, поради малиот хируршки зафат што вчера му е извршен на левата нога. Операцијата ја извршил д-р Маркус Валтер, и според информациите кои доаѓаат од клубот, минала во најдобар ред.

Нојер ќе ги пропушти мечевите против Аугсбург во сабота и против Хофенхајм во вторник, а потоа треба да се врати во натпреварувачки ритам.

Се вчитува...