Мануел Нојер, капитенот на Баерн Минхен и на германската репрезентација, води преговори со неговиот клуб за продолжување на соработката, пренесува „Спорт 1“.
Сегашниот договор на Нојер е до 2023 година, кога ќе наполни 37 години, но од таборот на Баварците сакаат да го задржат уште некоја година.
Тој настапи за Баерн Минхен на 289 официјални натпревари и е еден од најдобрите голмани во историјата на „Баварците“.
Со новиот договор значи дека Нојер ќе ја заврши кариерата во таборот на Баерн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА