Нојер против Аугсбург го понижи Мане како никој во кариерата (ВИДЕО)

Садио Мане, иако доведен како големо засилување во Баерн Минхен, не ги оправдува очекувањата на стартот од сезоната во Бундеслигата.

Мане беше непрепознатлив на теренот и во вчерашниот пораз на Баерн од Аугсбург. За да нештата бидат уште потешки за него, Сенегалецот го доживеа можеби и најголемото понижување во кариерата кога е во прашање офанзивниот учинок.

На мечот против Аугсбург, интересно, повеќе обиди кон голот на противникот од Мане имаше и голманот на баварскиот тим Мануел Нојер, нешто што звучи навистина неверојатно.

Искусниот голман имаше дури два шута кон противничкиот гол, од кои еден извонреден со глава во судиското продолжение кое можеше да донесе израмнување, додека Мане имаше само еден шут во целиот натпревар кон голот на Аугсбург.

Поранешниот напаѓач на Ливерпул се соочува со се поголеми критики во Германија, иако многумина се скептични и околу системот (4-2-2-2) на Нагелсман кој очигледно не функционира во Бундеслигата.

Се вчитува...