Нојер: Се надевам дека ќе бидеме шампиони

Голманот на Баерн Минхен Мануел Нојер изјави дека неговото опоравување од повредата оди добро и дека веќе започнал со тренинзи како што побргу би се вратил на терените.

Капитенот ја скрши ногата при пад на скијање во текот на зимата, поради што беше опериран. Тој смета дека неговите соиграчи може да стигнат до нова титула во Бундеслигата.

„Добро сум. Среќен сум што можам секој ден да тренирам. Закрепнувањето оди многу добро, задоволни сме. И последните тестови беа добри. Добро е секој ден да правите чекор напред. Сите ние сме оптимисти. Тренингот на голманите што го правам во затворен простор ми оди добро. Сега можам да возам велосипед и да правам вежби за сила без проблеми. Секој ден се гледам со моите соиграчи и многу комуницираме еден со друг. Сега повторно ги презедовме работите во свои раце. Сигурен сум дека ќе бидеме шампиони на Германија“, изјави Нојер. 

На четири кола до крајот, Баерн има бод предност пред Борусија Дортмунд.

Се вчитува...