Нојер се врати на тренинзи, доаѓа во Скопје

Мануел Нојер ќе биде во комбинација за октомвриските квалификациски натпревари на германската репрезентација против селекциите на Романија и на Македонија.

Искусниот голман на Баерн Минхен го пропушти вчерашниот прв тренинг на националниот тим, но тој веќе од денеска му се стави на располагање на селекторот Флик. Се очекува тој да работи со полна пареа и во текот на утрешниот ден, по што Флик ќе треба да одлучи дали Нојер или Тер Штеген ќе застане на голот од првата минута против Романија.

Асот на Баерн сигурно ќе патува со остатокот од репрезентацијата за Скопје, во обид Германците да се одмаздат за неочекуваниот пораз од нашиот национален тим претрпен во Дуизбург претрпен во март годинава.

Се вчитува...