Нојер се врати на тренинзите на Баерн

Баерн Минхен има причини за задоволство, затоа што од денеска повторно на тренинзите е голманот Мануел Нојер. Легендарниот голман за првпат е со тимот, откако доби повреда на скијање, кога ја скрши ногата. Иако се очекуваше враќање дури на летните подготовки на Баерн, сепак, германскиот репрезентативе порано почна да тренира со тимот.

Нојер сака што побрзо да застане меѓу диреците, меѓутоа оваа сезона за него е одамна завршена, и Баерн во битката за титулата ќе го брани Јан Зомер, кој дојде како негова замена.

Славниот голман беше дочекан од новиот тренер Томас Тухел и соработниците. Голманот претрпе многу критики поради неговата повреда. Се претпоставува дека Тухел со задоволство ќе му ја додели голманската позиција на Нојер, кога овој целосно ќе биде подготвен за настап.

Се вчитува...