Ноќ на рекорди: Леброн и Дончиќ влегоа во историјата (ВИДЕО)

Леброн Џејмс се проби на третото место вечната листа во НБА лигата според бројот на натпревари на кој постигнал 20 или повеќе поени. Тој дојде до бројката од 1000 натпревари, ноќеска со 26 коша во дуелот против Мајами. Леброн сега е зад Карл Мелоун кој има 1134 мечеви со плус 20 поени и зад Карим Абдул Џабар кои има вакви 1122 натпревари.

 

Лука Дончиќ не можеше да го спречи поразот на Далас од Њујорк иако постигна 38 поени. Сепак тој забележа ново постигнување кое во вбројува меѓу впишаните во историјата на НБА лигата. Тој стана најмладиот играч кој има четири трипл-дабл ефекти во првите осум натпревари од сезоната, а е само меѓу четоврицата кои воопшто и имаат вакво постигнување. Тој влезе во друштвото на Морис Стоукс, Оскар Робертсон и на Расел Вестбрук, тројцата кои имаат забележано ваков биланс.

 

 

 

 

Се вчитува...