Ноќ за црвенеење на сите кои се барем малку „вардарци“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар никогаш досега во својата историја во независна Македонија не бил елиминиран во првата рунда на европската сцена кога играл против аутсајдер! Па, за се има првпат… Вардар ја доживеа најсрамната своја европска епизода со елиминацијата, и тоа со убедливи 0-3 во 180 минути, од ерменски Пјуник во 1. квалификациско коло за ЛЕ.

Оваа срамна епизода за „црвено-црните“ доаѓа една сезона откако го обезбедија историското учество во групната фаза од Лигата на Европа!

Токму затоа тешко беше вечерва да се биде „вардарец“ на трибините на „Филип Втори“… Црвенееја бројни вардарци на трибините, и Влатко Гроздановски, и Бобан Грнчаров, и Александар Бајевски, и Никола Ѓошевски, и Јорде Георгиевски, и Кристијан Кировски… но без сомнение и оние вистинските вардарци во раководството на клубот, Дарко Панчев, Илија Најдоски, Мирко Спасески кои носат сериозна вина за ова што се случува со црвено-црните бои….

 

 

 

Се вчитува...