Нокаутираше судија со колено, па веднаш е избркан од клубот… (ВИДЕО)

Марко Гонсалвес, фудбалер на нисколигашот Канелас 2010 од Португалија, нокаутираше судија со колено на сред натпревар. Веднаш потоа, Гонсалвес е избркан од клубот од каде објавија дека никогаш повеќе нема да го носи нивниот дрес.

Се почна по една гужва пред шеснаесетникот на гостите, во натпревар од четвртата лига на Португалија, кога Гонсалвес удри противнички фудбалер. Судијата сето тоа го забележа доделувајќи му црвен картон, по што Гонсалвес веднаш со колено го нокаутираше судијата.

Интересно, Гонсалвес по мечот онака ладнокрвно си истакна дека на ништо не се сеќава…

„Не се сеќавам дека го удрив. Ми велат дека сум го удрил со колено, а можеби и не. Ако е така, сакам да му се извинам на судијата, на неговото семејство и на противничкиот клуб. А, инаку пред тоа противничкиот фудбалер го нападнав затоа што ми рече ‘курвин сине, нека умре мајка ти’. Само поставив рака околу него, тој падна на земја и почна да плаче како мало бебе“ – рече Гонсалвес, кого од португалскиот сојуз го очекува и доживотна суспензија од фудбалот.

Инаку, Канелас 2010 е клуб во кој главно играат ултраси на еден од најголемите португалски клубови, Порто. Токму поради тоа и голем број нивни противници некогаш се одлучуваат да не ги играат натпреварите против Канелас, па и по цена да ги загубат со службени 3-0.

Се вчитува...