Ноле: Како што знаеше да каже Коби ги мразат само најдобрите

Новак Ѓоковиќ изјави дека не е изненаден што повеќето негативни коментари на социјалните мрежи се за него.

За време на Ролан Гарос, организаторите преку апликацијата „Bodyguard“ решија да им овозможат на играчите заштита од навредливи содржини со постојано следење и отстранување на навреди.

„Искрено, би се изненадил да беше поинаку. Знаете што рече еднаш покоен Коби Брајант: ‘Одлично е кога некој те мрази. Затоа што не се мразат добрите, туку најдобрите’. Не мразам никого, така ги воспитувам моите деца. Омразата е ужасна работа“, изјави Новак. 

Следниот меч Ѓоковиќ на Ролан Гарос го игра во среда против Мартон Фучович од Унгарија.

Се вчитува...