Номинации за „Спортист на годината“: Георгиевски, Елмас, Ѓоргиев…

Агенцијата за Млади и Спорт ги објави номинациите за наградите „Спортист на годината“ за 2021 година што вообичаено ги доделува државното спортско тело.

Главен фаворит за наградата „Спортист на годината“ е таеквондистот Дејан Георгиевски, кој освои сребрен медал на Олимписките Ифри во Токио. Покрај него, кандидати за ова признание се уште и фудбалерот Елиф Елмас, каратистот Емил Павлов, кик-боксерот Димитар Ѓоргиев и  борачот Нуров.

Кандидатки за признанието спортистка на годината се Мери Акиевска (боди билдинг), Викторија Варадинова (кик-бокс), Пуликсенија Јованоска (карате), Абреша Реџепи (џудо) и Дрита Ислами (атлетика).

Во трка за наградата за најдобар тренер/селектор се наоѓаат Љупчо Савевски (ракомет), Борче Костовски (таекдондо), Зоран Митровски (кик-бокс), Александар Кузмановски (карате) и Бранимир Јовановски (стрелаштво).

Во категоријата најуспешен машки национален тим во игра се фудбалската, ракометната и одбојкарската репрезентација за настапите на големите натпреварувања во изминатата година, како и карате националниот тим за освоеното седмо место во борби на СП во Дубаи и атлетскиот национален тим за освоениот бронзен медал на балканското првенство во полумаратон што се одржуваше во Битола.

Се вчитува...