Формула 1 шампионатот ќе добие уште една драматична завршница по Големата награда на Катар на која и покрај тоа што двоецот од Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри започнаа од врвот на поредокот, завршија зад Макс Ферстапен, давајќи му шанса на актуелниот шампион да ја одбрани титулата на последната трка во сезоната.
Мекларен се одлучи на потег различен од секој останат тим на стазата, да не го искористи излетувањето на Хулкемберг за „слободно“ влегување во боксот при жолто знаме, стратегија која на крајот на трката беше поразителна по шампионските амбиции што наиде на фрустрација кај Ландо Норис.
„Болидот беше одличен и немам што да се жалам на тоа. Оскар заврши како втор. Стрегијата не уништи. Без разлика на позицијата на стазата не смеевме да го направиме тоа што го направивме. Едноставно е“, кратко изјави Британецот.
Норис сега има само 12 бода предност пред Макс Ферстапен и се соочува со голем притисок пред новиот викенд во кој најбрзиот караван на светот се сели во Абу Даби за голем спектакл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

