Норис до пол-позиција на Хунгароринг

Возачот на Мекларен и актуелен светски шампион, Ландо Норис стигна до пол-позицијата на трката за големата награда на Унгарија, која се вози на легендарната патека Хунгароринг.

Од првиот ред заедно со Норис ќе тргне неговиот сонародник во болидот на Ферари, Луис Хамилтон. Од вториот ред ќе тргнат вториот возач на Ферари, Шарл Леклер и лидерот во генералниот пласман Кими Антонели. Во топ 10 уште се најдоа и: Пјастри, Ферстапен, Расел, Хаџар, Линблад и Хулкенберг.

Трката за големата награда на Унгарија е закажана за утре со почеток во 15 часот.

Се вчитува...