Норис до пол-позиција на премиерната трка во Мадрид

Актуелниот светски шампион Ландо Норис стигна до пол-позиција на премиерното издание на главната награда на Мадрид.

Британецот до пол-позицијата стигна со 11 илјадитинки предност пред лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели. Од вториот стартен ред на гридот ќе тргнат Макс Ферстапен во Ред Бул и Луис Хамилтон во Фераи.

Во топ 10 уште се најдоа и: Леклер, Расел, Пјастри, Лосон, Колапинто и Линбланд. Трката за ГН на Мадрид е закажана за утре во 15 часот.

Се вчитува...