Норис: Игнорирајте ги сите што зборуваат против вас

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, славеше на трката за Големата награда на Бразил, во во Формула 1 шампионатот и направи крупен чекор кон освојување на својата прва титула во најбрзиот циркус во светот.

Тој ја откри тајната на неговата победничка форма, но и им возврати на критичарите.

„Само игнорирајте ги сите што зборуваат глупости за вас! Само фокусирајте се на себе. Тимот врши неверојатна работа, ми дадоа одличен автомобил. Работиме напорно секој викенд, а јас работам напорно и надвор од патеката. Да бидам искрен, не мислам дека бевме најбрзи денес, но ми е мило што победивме“, заклучи Норис.

Се вчитува...