Ландо Норис ја зголеми предноста во генералниот пласман во Формула 1 шампионатот откако асот на Мекларен стигна до победата на денешната спринт трка во Бразил. За задоволството на Норис да биде комплетно, неговиот главен ривал Оскар Пијастри излета од патеката и не ја заврши трката.
Норис тргна од пол-позицијата, Пијастри беше третопласиран, па Австралиецот потклекна под притисокот, во шестиот круг ја загуби контролата над болидот и излета од патеката.
Трката беше запреа откако Хулкенберг и Колапинто се судрија на истото место, но по нејзиното продолжување Норис успеа да се задржи на чело на колоната триумфирајќи пред Антонели, Џорџ Расел и Макс Ферстапен.
Ландо Норис по оваа победа остана на чело на генералниот пласман со 365 бода, сега девет бода повеќе во однос на второпласираниот Пијастри, додека Ферстапен е третопласиран со 326 бода на своето салдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

