Ландо Норис остро го критикуваше раководството на Формула 1, обвинувајќи го дека го третира светскиот шампионат исклучиво како бизнис, а притоа го занемарува самиот спорт.
Возачот на Мекларен го изрази своето незадоволство пред Големата награда на Унгарија, особено осврнувајќи се на контроверзните нови правила поврзани со хибридните мотори.
Според возачите, овие правила го направија престигнувањето прашање на случајност, предизвикувајќи фрустрација и кај возачите и кај долгогодишните фанови, иако истовремено привлекуваат нова публика. Критиките се упатени кон сопствениците на натпреварувањето, американската компанија „Либерти Медиа“, и нејзиниот извршен директор, Стефано Доменикали.
Норис смета дека комерцијалните интереси добиле предност пред квалитетот на самото натпреварување.
„Денес, Формула 1 се води од фактот дека е бизнис, а не од желбата да се подобри спортот. Главната цел е да се заработат што е можно повеќе пари. Тоа не е правилен пристап и спортот не треба да се води на тој начин. Проблемот се хибридите, распределбата на моќноста во сооднос 50-50 и сè што произлегува од тоа. Тие правила беа воведени бидејќи привлекоа нови тимови, што значи поголем профит“, изјави Норис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
