Норвешка ја посрамоти Црна Гора

Норвежанките стигнаа до нов убедлив триумф против Црна Гора во ЕХФ ЕВРО купот откако вечерва на домашен терен славеа со 40-23. Како и на првиот натпревар од средата, така и денеска Црногорките подобар противник беа во првиот дел кој го загубија со „само“ шест гола разлика 17-11.

Во вторите триесет минути следеше вистински распад. Норвежанките погодуваа буквално од секоја позиција и на крајот стигнаа до голема победа од 40-23. Рајстад со седум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај Црногорките Татјана Брновиќ беше единствена расположена со осум гола.

Македонија својот четврти меч во ЕХФ ЕВРО купот ќе го одигра утре против Словенија на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток во 18.30 часот.

 

 

 

 

Се вчитува...