Норвешка ништо не ја запира, па ни Шведска

Норвешка ништо не ја запира на патот до полуфиналето на Европското првенство 2020. Па, ниту Шведска која беше лесен противник за Норвежаните во вториот натпревар од главната фаза во Групата 2. Норвешка стигна до убедлива победа од 23-20.

Уште од самиот почеток на натпревар јасно беше дека Норвешка ќе ги однесе бодовите од натпреварот. По првото полувреме веќе имаа предност од 12-8, а во вториот дел само рутински ја одржуваа. Швеѓаните се обидоа во финишот да дојдат до пресврт, но не успеаја.

Најефикасен во победата на Норвешка беше Сагосен со 7 гола, а Лукас Пелас беше најдобар кај Шведска со пет погодоци.

Се вчитува...