Селекторот на фудбалската репрезентација на Норвешка, Столе Солбакен, го објави списокот на играчи за претстојното Светско првенство. Презентацијата на тимот се одржа во националната база Груе ИЛ, каде што беа присутни и членови на тренерскиот штаб, вклучувајќи го и помошникот тренер Кент Бергерсен.
Солбакен истакна дека изборот бил тежок, но дека верува оти е формиран силен тим кој може да одговори на предизвиците на турнирот.
Норвешка ќе се сретне со Шведска во подготвителниот период, додека на Светското првенство ќе има натпревари против Ирак, Сенегал и Франција.
Norway is coming 🇳🇴 pic.twitter.com/1mOq0sppyw
— Fotballandslaget (@nff_landslag) May 21, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
