Фудбалската репрезентација на Шкотска го откажа претходно закажаниот тренинг натпревар со Норвешка. Двете екипи требаше да се сретнат во дуел кој ќе биде затворен за јавноста, но Шкотланѓаните го откажаа натпреварот.
Во последниот официјален подготвителен натпревар, Шкотска ја победи Боливија со 4-0 во саботата навечер, а дуелот што требаше да го играат против Норвешка во понеделник беше откажан. Како што беше наведено – поради повреди.
Натпреварот беше закажан со месеци однапред, тоа го потврди и главниот тренер на Норвешка, Стала Солбакен.
„Лошо чувана тајна е дека требаше да играме тренинг натпревар против Шкотска во понеделник. Денеска дознавме дека нема ништо, Шкотска се откажа од мечот поради повреди, а сега мора да тренираме со Гринсборо“, рече портпаролот на Норвешка, Мортен Морисбак Скјонсберг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
