Норвежанките ја победија Шведска и останаа 100%

Ракометарките на Норвешка ја совладаа Шведска и направија голем чекор кон пласман во 1/2 финалето на ЕП во жени. Норвежанките благодарение на добрата игра во вториот дел, кога ја  направија предноста, победија со 27-25, и така останаа со 100% учинок на досегашниот дел од првенството.

Речиси целото прво полувреме се играше во „егал“, а така и заврши 13-13. Во вториот дел одново гол за гол, Шведска имаше водство на почетокот, а потоа кон средината Норвежанките ја презедоа предноста, и во еден момент имаше и три разлика. На крајот Шведска само намали на еден разлика.

Реиштад со седум голови беше најефикасна кај Норвежанките, а најефикасна кај Шведска, а воедно и на средбата беше Карлсон со девет погодоци.

Норвешка останува уште да игра со Данска и со Словенија, две решавачки битки за пласман во 1/2 финалето.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...