Нотингем плати 37,5 милиони фунти за младински репрезентативец на Англија

Тренерот Нуњо Еспирито Санто се пожали дека неговите газди не се доволно активни на пазарот, па Нотингем Форест веднаш тргна во офанзива и потпиша значајно засилување.

Младинскиот репрезентативец на Англија, Омари Хачинсон, е нов член на „шумарите“ откако го комплетираше трансферот од Ипсвич вреден 37,5 милиони фунти. Станува збор за играч кој настапува како крилен офанзивец и кој би требало да биде замена за Еланга, кој беше продаден во Њукасл за над 50 милиони фунти.

„Пресреќен сум што дојдов овде, едвај чекам да почнам со тренинзи и со натпревари. Знам дека секогаш кога сум бил гостин атмосферата била непријатна за противниците, едвај чекам да ја почувствувам поддршката на овие фантастични фанови“, изјави Хачинсон по потписот на договорот.

Англиските медиуми најавуваат дека Форест е блиску и до потпис на  МекАти од Манчестер Сити, уште еден младински репрезентативец на Англија кој летото стигна до европската титула.

Се вчитува...