Арина Сабаленка беше елиминирана во осминафиналето на турнирот од серијата 1.000 во Торонто, а нејзината тениска круна е сериозно разнишана. Промена на врвот не може да се случи по „Канадијан опен“, но може да дојде многу брзо. Ако Елена Рибакина го освои овој турнир, разликата на врвот ќе изнесува само четири поени.
Со оглед на тоа што Белорусинката ја брани титулата на УС опен, јасно е дека уште во Њујорк тенисерката од Казахстан би можела за првпат да избие на првото место. Пред тоа следи турнирот во Синсинати, но таму таа ќе треба да брани одреден број поени. Се на се, во текот на следниот месец, Сабаленка брани 2.215 поени, а Рибакина 630, така што пресметката е јасна. Ако Елена игра добро, промената на врвот е неизбежна.
Најдобрата тенисерка во светот беше поразена од Екатерина Александрова, што потврди дека стилот на игра на Русинката не и одговара на Сабаленка. Ова е, всушност, петта победа на Русинката во нивните десет меѓусебни дуели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
