Нов ден и нова мисија: Македонските ракометни надежи одат по втора победа, Фарските острови се следен предизвик

Македонските ракоменти надежи ја остварија првата победа над селекцијата на БиХ, па денеска младинките имаат нова мисија, како предизвик на патот ќе им застанат ракометарките на Фарските острови.

Ова ќе биде важен дуел за нашата селекција, имајќи предвид дека со победа Македонија ќе успее да дојде на чекор од полуфинале, па ова значи дека треба да очекуваме одново добра игра од нашите млади ракометарки.

Фарските острови тргнаа со победа против Косово, а денеска ќе се обидат уште еднаш да одиграат добар натпревар. Сепак, домашниот терен секако е предност за девојките предводени од Савевски.

Натпреварот меѓу Македонија и Фарските острови ќе биде одигран вечерва со почеток од 20.30 часот.

Се вчитува...