Нов „џин“ во НБА: Марјановиќ е „мало дете“ за Тако Фол (видео)

Српскиот центар Бобан Марјановиќ го загуби епитетот на највисок кошаркар во НБА-лигата откако синоќа во дресот на Бостон селтикс дебитираше Тако Фол.

Сенегалецот е висок 231 сантиметар (10 сантиметри повисок од Марјановиќ) и со самото влегување во игра предизвика еуфорија меѓу фановите на Бостон. Тој мина на теренот осум минути, период во кој реализираше пет поени, три скокови и две блокади.

„Притисок? Ова не е притисок, ова е уживање. Ова е нешто за што сонував од првиот момент кога почнав да играм кошарка“ – изјави Фол по дебито.

Се вчитува...